Прекинувањето со слатки дури и само на две недели може да донесе драстични промени во телото. Д-р Ерик Берг објаснува дека првично може да почувствувате силна желба за шеќер и можни симптоми како раздразливост, замор, главоболки или гадење, но тоа е само дел од процесот на детоксикација и адаптација на телото.
Како што минуваат деновите, телото почнува да ги користи масните резерви како извор на енергија, што значи дека ќе имате поголема енергија и чувство на леснотија. Промените во расположението на почетокот се предизвикани од намалено ослободување на допамин, но со текот на времето, дури и луѓето кои страдале од депресија или анксиозност ќе почувствуваат подобрување.
Ефектите не застануваат тука: подобрувањето на концентрацијата, намалувањето на воспалението и здравата кожа се само дел од придобивките. Експертите предупредуваат дека прекумерниот внес на „слободни шеќери“ – тие што се додаваат во храна и пијалоци – може да влијае негативно на кожата и да предизвика акни.
За најдобри резултати, се препорачува постепено намалување на шеќерот, наместо нагло откажување, за да го олесните адаптирањето на телото и да ги задржите сите потребни хранливи материи.
Овој едноставен чекор – елиминирање на слатките два недели – може да го промени начинот на кој се чувствувате, да ви донесе повеќе енергија и подобро здравје, и да ви помогне да го контролирате внесот на шеќер на долг рок.

















