Американските федерални агенции години наназад губеле стотици милиони долари поради исплати на починати лица. Причината? Недоволна контрола и слабата размена на податоци меѓу институциите.
Сенаторот Џон Кенеди предложи нов закон во јануари 2025 година, кој овозможува постојана и автоматска размена на податоци за починати лица меѓу Администрацијата за социјално осигурување и Министерството за финансии на САД. Законот беше брзо усвоен од Конгресот и потпишан од претседателот Доналд Трамп на 10 февруари. Се очекува да стапи на сила од декември следната година.
Со новите правила, податоците за починати лица ќе бидат внесени во системот „Не плаќај“, што ќе спречи грешни исплати и ќе заштеди околу 33 милиони долари годишно.
Мерката доби широка поддршка од републиканци и демократи, вклучувајќи ги сенаторите Гари Питерс и Рон Вајден, кои истакнуваат дека законот ја штити државната каса и го намалува ризикот од злоупотреби.
Со овој чекор, САД конечно става крај на исплатите на мртви лица, обезбедувајќи поефикасно користење на јавните средства и поголема финансиска дисциплина.

















