Подгответе се за драматичен ден: 14 февруари ќе донесе променливо облачно време со интензивни врнежи од дожд кои особено попладне и навечер ќе се зајакнат. На некои места се очекуваат вистински поројни дождови – над 20 литри на метар квадратен!
Силниот југоисточен ветер ќе го почувствувате најмногу долж Повардарието, а локални поројни дождови ќе предизвикаат проблеми во сообраќајот. Внимавајте, особено ако планирате излегување или патување!
Утринските температури ќе се движат од 0 до 5 степени, додека дневните ќе достигнат од 9 до 16 степени, зависно од регионот.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, со дожд кој ќе се засили попладне и навечер. Ветрот ќе дува умерено до засилено од југоисточен правец – совршена комбинација за ладни и влажни услови.

















