ПРВ.мк
Македонија

Шок во Битола: Малолетник без возачка прегази пешак!

Шок во Битола: Малолетник без возачка прегази пешак!
Kristal

Драма на улиците на Битола! Седумнаесетгодишник, кој никогаш не стекнал возачка дозвола, со „Даеву Тико“ удрил во 42-годишен пешак на улицата „Козјак“. Жртвата се здобила со тешки телесни повреди и веднаш била пренесена во Клиничката болница во Битола.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 13 февруари околу 18:35 часот. На местото на несреќата веднаш интервенирала увидна екипа, а по детална проверка било утврдено дека возачот е малолетник и управувал со возилото илегално.

По насоки на јавен обвинител, младото момче било лишено од слобода, а автомобилот одземен. Против него наскоро ќе биде поднесена соодветна пријава.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo