Понекогаш варените јајца се толку тешко да се излупат, што или ќе се нервирате додека ги лупите или половина јајце ќе остане залепено за лушпата… Но, постои многу едноставен трик за да го олесните лупењето.
Варените јајца се вкусни сами по себе, но и одлична состојка во различни салати. Без разлика како ги користите, лупењето може да биде навистина незгодно.
Сите сме имале ситуации каде што се мачиме со лупењето на варени јајца, или пак дел од јајцето останува залепено за лушпата. Иако постојат и други кујнски трикови за ова, овој е едноставно најдобар! Како? Па, едноставно додадете малку масло во водата во која ги варите јајцата.
Да, знаеме дека маслото и водата не се мешаат, но тоа не е проблем за овој трик. Како функционира? Јајцата имаат порозна лушпа, а маслото може да навлезе во тие пори на надворешниот слој. Кога ќе се случи ова, маслото ја одвојува лушпата од мембраната и јајцето, што го прави лупењето многу полесно.
За да го примените овој трик, доволна е една лажица масло, не претерувајте. Нема значење кое масло ќе го користите – не треба да се користи скапо маслиново масло или масло од тартуфи, бидејќи ќе го излеете во одводот по варењето.
Започнете со зовривање на вода во која ќе додадете масло во тенџерето. Кога водата ќе зоврие, внимателно додајте ги јајцата, за да не им испука лушпата пред време. Без разлика на вашата метода за варење (некои ги варат непокриени 2-3 минути за меко варени или 10-13 минути за тврдо варени), или ги покривате и ја оставате водата да заврши со варењето, кога ќе се сварат, време е за лупење!
Применете го овој трик и уверете се дека лупењето ќе стане многу полесно.