ПРВ.мк

Ѓорѓиевски: Кисела Вода ја предводи дигиталната зелена транзиција со „City and Me“

Ѓорѓиевски: Кисела Вода ја предводи дигиталната зелена транзиција со „City and Me“

Кисела Вода стана првата општина во Македонија што ја имплементира иновативната платформа „City and Me“ – паметна, еколошка и граѓански ориентирана апликација која има за цел да ја зајакне врската меѓу жителите и локалната самоуправа, преку дигитални алатки и награди за општествено одговорно однесување.

На официјалното лансирање, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски порача дека ова е почеток на нова ера во локалното управување и одржливото живеење. „Со оваа апликација, секој жител кој ќе избере да пешачи, да вози велосипед, да рециклира, да пријави проблем или да учествува во анкета, ќе добие симболичен токен кој може да се искористи за локални услуги, како кафе, билет за кино или садење дрвце со свое име“, изјави Ѓорѓиевски.

„City and Me“ веќе брои над 30.000 корисници низ Балканот, а од денес и граѓаните на Кисела Вода стануваат дел од оваа инклузивна заедница. Платформата овозможува директна комуникација со општината, дигитално гласање, предлагање и пријавување проблеми – чекори кон вистинска дигитална демократија.

„Секој мал чекор може да направи голема разлика. Преку оваа платформа, ги охрабруваме граѓаните да станат Зелени херои – да бидат двигатели на позитивни промени“, рече градоначалникот, нагласувајќи ја важноста од заедничко делување на институциите, бизнисите и граѓаните.

Vero

Во рамки на настанот, беше потпишана и Декларацијата за зелени промени, со која Кисела Вода се обврзува на проактивна еколошка политика и отворена соработка со сите чинители во заедницата.

Партнери во проектот се тимот на „City and Me“ и организацијата Startup Macedonia, која повеќе години работи на развој на младински иновации и претприемништво. Платформата е достапна на Android и iOS уреди.

„Верувам дека овој чекор ќе биде инспирација и за другите општини во државата. Заедно можеме да изградиме зелено, активно и дигитално општество“, заврши Ѓорѓиевски.

Agria