Привремената влада на Германија, предводена од Социјалдемократите и Зелените, го блокираше планираниот извоз на 40 борбени авиони Еурофајтер Тајфун во Турција, објави вчера германскиот медиум Handelsblatt, повикувајќи се на извори запознаени со доверливи внатрешни дискусии.
Според извори од германската влада, главната причина за запирање на дозволата за извоз е апсењето на турскиот опозициски политичар Екрем Имамоглу под обвинение за корупција, што властите во Берлин го опишаа како „напад врз турската демократија“.
Опозицијата во Турција тврди дека обвиненијата за корупција против Имамоглу се политички мотивирани.
Да потсетиме, поранешниот градоначалник на Истанбул беше уапсен на 23 март поради наводни коруптивни активности. Обвиненијата против Имамоглу вклучуваат сомнително купување на три вили на една од најатрактивните локации во Истанбул од градежната компанија на неговото семејство, во која тој поседува 60 отсто од акциите.