ПРВ.мк

Внимавајте! Засилени контроли во Тетово: Санкционирани 135 возачи

Внимавајте! Засилени контроли во Тетово: Санкционирани 135 возачи

Во текот на вчерашниот ден (17 Април) на подрачјето на СВР Тетово спроведена е засилена контрола на возила и возачи. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 67 возачи (ТЕ-43и ГВ-24) за погрешно и непрописно паркирање, од кои 23 (ТЕ-20 и ГВ-3) биле подигнати со специјално возило пајак. Биле санкционирани и 68други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-44 и ГВ-24). 

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја прилагодат брзината според условите на патот, односно да ја прилагодат според ограничувањата пропишани со закон и сообраќајни знаци, да ги паркираат нивните возила само на места наменети за тоа и на тој начин најнепосредно да придонесат за нормален и проточен сообраќај, и за личната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Agria