ПРВ.мк

МВР го објави идентитетот на загинатите во тешката сообраќајка

МВР го објави идентитетот на загинатите во тешката сообраќајка

На 18 април 2025 година, околу 20:40 часот, во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево–Гостивар, кај местото познато како „Сеферов бунар“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила.

Во несреќата биле вклучени: „Мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од З.Д. (64) од Битола, „Форд“, исто така со кичевски таблички, управуван од А.Р. (63) од селото Горно Страгомиште, и „Опел“ со кичевска регистрација, управуван од Х.Е. (38) од Гостивар.

„На местото на настанот починале возачите З.Д. и Х.Е., а сопатничката од патничкото возило „опел“ Б.Е.(38) од Гостивар, била пренесена во Медицинскиот центар Кичево, каде починала. Од страна на лекар констатирана била смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени за обдукција. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот А.Р. и неговата сопатничка А.А.(67) од село Колари, кичевско, сопатникот од возилото „мерцедес“ Д.С.(37) од Кичево и сопатниците од патничкото возило „опел“- тројца малолетници од Гостивар и Р.Е.(60) од селото Шутово, кичевско, констатирани во медицински установи во Кичево и Скопје“, велат од МВР.

На местото на несреќата извршен е увид.

Vero
Agria