ПРВ.мк

ОЈО Кочани бара притвор за синот на газдата на дискотеката – досега бил на лекување!

ОЈО Кочани бара притвор за синот на газдата на дискотеката – досега бил на лекување!

ОЈО Кочани бара мерки на препазливост и за синот на газдата на дискотеката, кој досега беше на болничко лекување, а е еден од осомничените во постапката.  

Оттаму информираат и дека мерката куќен притвор е заменета со мерки на претпазливост и за поранешните директори на Пазарниот инспекторат Горан Трајковски и Анета Симеска Димоска.  

За екс директорите замената на мерките е побарана врз основа на проценка на законските основи за обезбедување и фазата на проверки во однос на оваа институција.

– Освен ова, за првпат по настанот побарани се мерки на претпазливост за уште едно лице од првата група осомничени, кое до сега беше на лекување. Станува збор за лице од дискотеката, а мерките се предложени во согласност со неговата моментална здравствена состојба и потребата од натамошно лекување, информираат од ОЈО Кочани.  

Vero

Во ефективен притвор останува екс министерот за економија Крешник Бектеши, неговите претходници Ваљон Сарачини и Беким Незири остануваат во домашен притвор. За амбасадорот Дритон Кучи кој исто така раководеше со ова министерство изречени се мерки на претпазливост. 

Во куќен притвор се и поранешните градоначалници на Кочани, Љупчо Папазов, Ратко Димитриевски и Николчо Илиев. 

За пожарот во кочанската дискотека во кој загинаа 62 лица, досега има 59 осомничени. Меѓу нив се и 14 полициски службеници кои се опфатени со посебна истражна постапка која ја води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Сите добија мерки на претпазливост.

На протестен марш „Задоцнета реакција“ утре во Кочани по трет пат излегуваат семејствата на настраданите во пожарот кои на ваков начин бараат правда за најголемата трагедија во поновата историја. 

Agria