Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати за 2,40% во споредба со одлуката од 10. април 2025 година.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се намали за 2,50 ден/литар. Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе падне за 2,00 ден/литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС останува непроменета.
Со почеток од 12. април 2025 година, од 00:01 часот, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95: 71,50 ден/литар
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98: 74,00 ден/литар
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 64,50 ден/литар
Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1): 64,50 ден/литар
Мазут М-1 НС: 37,708 ден/килограм
На глобалниот пазар, референтните цени на нафтените деривати во споредба со претходната пресметка се намалени: бензинот е поевтин за 5,777%, дизелот за 5,057%, екстра лесното масло за 5,078%, додека мазутот има намалување од 1,745%. Во исто време, курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,4851% во споредба со периодот кога беа формирани претходните цени.