ПРВ.мк

Северна Кореја се закани со неодредена одмазда поради прелетот на американските бомбардери

Северна Кореја се закани со неодредена одмазда поради прелетот на американските бомбардери

Северна Кореја во вторникот се закани со неодредена одмазда откако Соединетите Држави прелетаа бомбардери Б-1Б над Јужна Кореја за време на заедничката воена вежба со јужнокорејските сили.

Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека вежбата има за цел да ги демонстрира заедничките способности за одвраќање во светлината на унапредувањето на нуклеарната програма на Северна Кореја, пренесе АП.

САД и Јужна Кореја редовно спроведуваат заеднички воени маневри кои ги опишуваат како одбранбени, додека Пјонгјанг овие активности ги смета за „подготовки за инвазија“.

„Неодамнешната воена акција на Соединетите Американски Држави и Република Кореја е отворена закана за безбедноста на нашата земја и сериозна провокација што ги подига воените тензии во регионот на исклучително опасно ниво“, изјави неименуван портпарол на севернокорејското Министерство за одбрана, пренесуваат државните медиуми.

Vero

Северна Кореја соопшти дека ќе ги „одврати американските агресивни обиди“ со силни средства и дека тоа ќе и наштети на сопствената безбедност на Америка, пренесува Танјуг.

Agria