Во многу култури постои верување дека денот во неделата на кој сме родени може да открие нешто за нашиот карактер и животен пат. И астрологијата му придава симболично значење на денот на раѓање, поврзувајќи го со одредени особини и склоности.
Еве што, според овие верувања, открива денот на кој сте родени:
Понеделник Родените во понеделник се сметаат за чувствителни, грижливи и силно поврзани со семејството. Сакаат да им помагаат на другите, но понекогаш знаат да бидат премногу емотивни и тврдоглави.
Професии што им одговараат: социјална работа, образование и воена служба.
Вторник Енергични, храбри и борбени личности со силна волја. Ги привлекуваат предизвици и динамичен начин на живот, иако понекогаш реагираат импулсивно.
Професии: полиција, политика и фитнес.
Среда Љубопитни, комуникативни и интелектуално активни. Лесно воспоставуваат контакти, но често премногу анализираат ситуации.
Професии: преведувачи, брокери и организатори на настани.
Четврток Оптимисти кои зрачат со позитивна енергија. Сакаат да советуваат и често ги следи среќа, иако лесно им здосадуваат рутините.
Професии: туризам, новинарство и работа со животни.
Петок Креативни, шармантни и со изразено чувство за естетика. Уживаат во убавите нешта, но понекогаш премногу се грижат за мислењето на околината.
Професии: уметност, мода и продажба.
Сабота Вредни, дисциплинирани и одговорни личности. Перфекционисти се и тешко ги покажуваат своите емоции, но важат за исклучително доверливи.
Професии: менаџмент, наука и финансии.
Недела Весели, харизматични и креативни луѓе кои сакаат да бидат забележани. Уживаат и во дружење и во време поминато сами, но понекогаш можат да остават впечаток на надменост.
Професии: уметност и претприемништво.
Иако овие толкувања се популарни и интересни за многумина, тие не се научно потврдени и треба да се сфатат како дел од астролошките верувања и забава, а не како факти што ја одредуваат нечија личност или судбина.









