Сè повеќе туристи ја избираат Албанија како дестинација поради ниските цени и прекрасната природа. Јана, позната на Инстаграм како travelwith_jana, објави видео од своето патување каде покажува што успеала да купи за само 10 евра.
Според нејзиниот список, гирос чинел 2,50 евра, сладолед 1 евро, кафе на плажа 1,20 евра, голема флаша вода 0,50 евра, газиран пијалок 0,90 евра, чоколадо 1,10 евра, магнет сувенир 2 евра и пиво 1,30 евра. Иако вкупно троши 10,50 евра, многумина коментираат дека за таа сума во други земји не можеш да купиш скоро ништо.
Особено позитивно е што лежалките на плажата се бесплатни, што е реткост во други туристички места.
Коментарите се полни со пофалби, а Албанија се смета за одлична алтернатива за летен одмор со скромен буџет.