Песната „Ако утре ме нема“ од ДНК доби нова, длабоко емотивна димензија во изведба на познатата македонска пејачка и универзитетски професор Андријана Јаневска. Таа настапи заедно со Битолскиот камерен оркестар и виртуозот Благојче Трајковски на кларинет.
– Еден од најтешките настапи во мојата кариера… „Ако утре ме нема“ ја изведов во придружба на Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет – напиша Јаневска на својата официјална страница на Фејсбук.
Настапот предизвика силни емоции кај публиката, а нејзината интерпретација беше дочекана со громогласен аплауз. Со оваа изведба, Андријана уште еднаш покажа дека уметноста зборува најсилно кога доаѓа од срце.