ПРВ.мк
Магазин

Ал Пачино во романтична вечера со 28-годишна новинарка – нова љубов или само пријателство?

Ал Пачино во романтична вечера со 28-годишна новинарка – нова љубов или само пријателство?
Escape

Холивудската легенда Ал Пачино (85) повторно го разбранува светот, откако беше фотографиран во интимна атмосфера на вечера со 28-годишната италијанска новинарка Катарина Ди Терлици во срцето на Рим. Според италијанските медиуми, двајцата биле забележани како разменуваат нежности, а Катарина дури го бакнала Пачино во образ.

Фотографиите од вечерата брзо се проширија на социјалните мрежи, предизвикувајќи бурни реакции – некои во одбрана на актерот, други со иронија и критика. Дел од јавноста тврди дека станува збор за обична вечера, но многумина се прашуваат дали не се раѓа нешто повеќе.

Оскаровецот е одамна познат по афинитетот кон помлади партнерки – со продуцентката Нур Алфалах (31) има и син, роден во 2023 година. Иако нивната врска заврши минатата есен, двајцата останале во коректни односи и соработуваат околу воспитувањето на детето.

Сега, новата мистериозна придружничка повторно го носи Пачино во центарот на вниманието, а јавноста се прашува: дали станува збор за нова романса или само уште една „случајна вечера“ со славен гостин?

Mia Home Mavrovo