ПРВ.мк
Магазин

Италијански град нуди нобична работа за луѓето со изострено сетило за мирис!

Италијански град нуди нобична работа за луѓето со изострено сетило за мирис!
Kristal

Малото италијанско гратче Brendola во северната покраина Виченца започна необична кампања: бара луѓе со изострено сетило за мирис кои ќе можат да препознаваат непријатни мириси и да помогнат во подобрување на квалитетот на воздухот.

Градоначалникот Bruno Beltrame објаснува дека иницијативата е одговор на жалбите од жителите во близина на индустриските зони. Се бараат шест „оценувачи на мирис“, кои ќе бидат обучени да препознаваат мириси што потекнуваат од фабрики, индустриски отпад или канализација.

Главните услови за кандидатите се да немаат алергии или респираторни болести, како астма, и да поседуваат автомобил и паметен телефон за бележење на податоци преку посебна апликација. Оценувачите ќе посетуваат одредени локации, ќе ја проценуваат интензивноста на мирисите и ќе ги внесуваат забелешките во дигиталниот систем.

Проектот, кој ќе трае шест месеци, има за цел да се утврди потеклото на непријатните мириси и да се идентификуваат компаниите одговорни за нив. Градоначалникот Белтраме потсетува дека слична истрага била спроведена пред пет години и таа помогнала да се откријат загадувачите.

Иницијативата е дел од напорите да се подобри квалитетот на воздухот во Vicenza, долина на реката По, која е меѓу најзагадените региони во Европа.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo