Холивудската актерка Анџелина Џоли повторно ја привлече вниманието на медиумите и јавноста на Филмскиот фестивал во Торонто, повторувајќи ја својата позната поза од пред 13 години. За оваа посебна пригода, таа избра фустан-мантил во кафеава боја од брендот „Габриела Херст“ и црни салонки, а го комплетираше стајлингот со минимална шминка во „голи“ тонови и брановидна фризура.
Најголемо внимание, како и пред многу години, привлече нејзината гола нога која излегуваше од изрезот на фустанот. Ова позирање ја потсети јавноста на нејзината сензационална појава на доделувањето на Оскарите во 2012 година, кога носеше гламурозен црн фустан и впечатлив црвен кармин.
Интернетот веднаш реагираше на повторената поза, а реакциите на јавноста беа исти како и пред 13 години – возбудување и восхит од смелоста и елеганцијата на Џоли. Фановите и медиумите повторно ја слават нејзината способност да предизвика сензација на црвениот тепих, потврдувајќи дека стилот и харизмата на Анџелина не избледуваат со годините.
Видео: