ПРВ.мк
Македонија

Скопје ќе „пламне“ следното лето: Фестивалот EXIT официјално доаѓа во главниот град

Скопје ќе „пламне“ следното лето: Фестивалот EXIT официјално доаѓа во главниот град

Градот Скопје од следната година ќе стане нова дестинација за еден од најпознатите европски музички фестивали – „EXIT“. Ова ја потврди основачот на фестивалот, Душан Ковачевиќ, по средбата со градоначалникот на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Убеден сум дека бренд како ‘EXIT’ значително ќе го зголеми квалитетот на забавниот живот и културната понуда на Скопје и Македонија, ставајќи го градот на мапата на топ дестинации за огромен број туристи. Нашите граѓани го заслужуваат најдоброто“, изјави Ѓорѓиевски.

Со ова Скопје ќе стане дел од семејството на големи европски градови каде фестивалот „EXIT“ се одржува, што се очекува да донесе значителен културен и туристички импулс за главниот град и државата.

Escape