ПРВ.мк
Магазин

Утре го славиме Свети Павле Исповедник – еве како една едноставна постапка утре ќе донесе мир и заштита

Утре го славиме Свети Павле Исповедник – еве како една едноставна постапка утре ќе донесе мир и заштита
Kristal

Православните верници утре, на 19 ноември, го одбележуваат празникот на Свети Павле Исповедник, еден од најпочитуваните патријарси на Цариград, познат по својата непоколеблива вера и храброст да ја брани вистината дури и по цена на својот живот.

Свети Павле бил избран за патријарх на Цариград по препорака на блажениот патријарх Александар, кој рекол: „Ако сакате пастир кој ќе ве учи и со добродетели ќе свети, изберете го Павле.“ И покрај избирањето од народот, аријанците, моќната ерес тогаш, го протерувале повеќепати, а на крајот бил маченички убиен во 351 година. Подоцна неговите мошти биле пренесени во Цариград, а денес почиваат во Венеција.

Чиј заштитник е Свети Павле Исповедник? Свети Павле се смета за заштитник на:

  • луѓето соочени со неправда и прогон,
  • оние што бараат сила да ја одбранат вистината,
  • семејствата во расправии и конфликти,
  • луѓе што се обидуваат да се ослободат од духовен немир и стравови,
  • свештениците и сите што служат во Црквата.

Верниците веруваат дека молитвата упатена кон Свети Павле носи мир и заштита во домот, а ги избавува луѓето од стравови и несреќи.

Што треба да се направи утре? Обичајот вели дека штом ќе станете утре, пред да зборувате со некого, пред да го испиете кафето или да го допрете телефонот, треба да ја изговорите молитвата на Свети Павле Исповедник.

Се верува дека оваа молитва:

  • оддалечува несреќи и кавги во домот,
  • донесува спокој и јасни мисли,
  • благословува и го зацврстува домот,
  • го штити човекот од неправда и духовни стравови.
Escape