ПРВ.мк
Магазин

Тивка состојба што ја имаат милиони жени доби ново име – вистината зад неа е многу посериозна!

Тивка состојба што ја имаат милиони жени доби ново име – вистината зад неа е многу посериозна!

Синдромот познат како полицистични јајници добива ново име – полиендокрин метаболен оваријален синдром (PMOS), со цел да се разјасни една голема заблуда што со години постоела. Имено, не станува збор само за гинеколошки проблем, туку за многу посложена состојба што влијае на повеќе системи во телото.

Ова нарушување најчесто започнува во доцната адолесценција и може да се манифестира на различни начини – од нередовен циклус и проблеми со овулација, до појава на акни, зголемена влакнетост, покачена телесна тежина и опаѓање на косата.

Иако името порано сугерирало дека станува збор за цисти на јајниците, експертите појаснуваат дека тоа не е сосема точно. Проблемот лежи во нарушен процес на созревање на фоликулите, поради што често не доаѓа до ослободување на јајце-клетка.

Клучна улога играат и хормоните. Кај засегнатите жени често се забележува покачено ниво на андрогени, што дополнително ја влошува состојбата. Во исто време, инсулинската резистенција создава маѓепсан круг – повеќе инсулин води до повеќе андрогени, и обратно.

Состојбата може да се влоши со зголемување на телесната тежина, а се проценува дека погодува меѓу 10 и 13 проценти од жените во репродуктивна возраст. Загрижувачки е што голем дел од нив дури и не се свесни дека ја имаат.

Иако е доживотна, навременото препознавање може значително да помогне во контролирање на симптомите и подобрување на квалитетот на животот.