Шајло Џоли-Пит, ќерката на познатата актерска двојка Анџелина Џоли и Бред Пит, е во романтична врска со танчерката Кеони Роуз, објавија американските медиуми. Папараците ги фотографирале како се прегрнуваат во автомобил во Студио Сити, Калифорнија, а извори велат дека привремено живеат заедно.
Гласините за нивната врска започнаа кон крајот на мај, откако беа видени како пазаруваат заедно.
Медиумите пренесуваат и дека Анџелина Џоли не е сосема смирена со одлуката на ќерка ѝ да го напушти домот, бидејќи сака сите деца да живеат под ист покрив. Сепак, таа се чувствува попријатно затоа што децата секогаш се придружени од обезбедување.

Извор за RadarOnline открил дека Бред Пит нема проблем со тоа што неговата ќерка е лезбејка, но е загрижен за влијанието од луѓето кои се околу неа, а делумно ја обвинува и Џоли за тоа.

Покрај тоа, односот на Бред Пит со неговите деца долго време е напнат. По инцидент во авион каде тој физички ги малтретирал своите деца и Џоли, врските се прекинале, но тој се надева на помирување во иднина.