ПРВ.мк
Магазин

Еве зошто сите мислат дека спанаќот е извор на супермоќ - вистината ќе ве изненади

Еве зошто сите мислат дека спанаќот е извор на супермоќ - вистината ќе ве изненади

Со децении, генерации деца веруваа дека една конзерва спанаќ може да даде неверојатна сила, благодарение на легендарниот цртан лик Попај морнарот. Но, вистината зад овој популарен мит е многу поразлична.

Иако спанаќот е исклучително здрав зеленчук богат со витамини, минерали и антиоксиданси, не ги зголемува мускулите ниту дава „супермоќ“ преку ноќ. Долго време се верувало дека содржи огромни количини железо, но ова убедување се проширило поради погрешни пресметки и толкувања кои со години се пренесувале.

Ликот на Попај првпат се појавил во стриповите во 1929 година, а во текот на 1930-тите спанаќот станал негов препознатлив „извор на сила“. Интересно е што во некои од оригиналните приказни самиот Попај ја поврзувал својата енергија повеќе со витаминот А, отколку со железото.

Иако митот не е научно точен, Попај одиграл огромна улога во популаризацијата на спанаќот. Благодарение на него, овој зеленчук стана симбол на здрава исхрана и енергија, а и денес важи за една од најкорисните намирници што може редовно да се најде на трпезата.