Алкохолот влијае врз мозочните патишта задолжени за меморијата, проценката, расположението и однесувањето, а долготрајното прекумерно консумирање може да доведе и до структурни промени во мозокот.
Сепак, истражувањата покажуваат дека мозокот има значителна способност за закрепнување по прекинување на пиењето. Преглед на 16 студии покажа дека кај лица со нарушување поврзано со употреба на алкохол, повеќе когнитивни функции – меѓу кои вниманието, меморијата и извршните функции – можат значително да се подобрат во период од шест до 12 месеци апстиненција.
Промени можат да започнат и порано. Истражување со снимање на мозокот покажало зголемување на дебелината на мозочната кора во повеќе региони во текот на седум месеци без алкохол, при што најбрзите промени биле забележани меѓу првата недела и првиот месец.
Сепак, не може да се гарантира целосно враќање на мозокот во претходната состојба. Степенот на закрепнување се разликува од човек до човек и зависи од повеќе фактори.
Важно е и предупредувањето дека лицата кои долго време пијат големи количества алкохол не треба нагло да престануваат без медицински совет, бидејќи алкохолната апстиненција во некои случаи може да биде опасна по живот.








