Еден претприемач ја продал својата куќа и дал отказ за да покаже дека е можно да се започне од нула и да се стане милионер.
Мајк Блек започнал амбициозен предизвик: да заработи милион долари за една година, почнувајќи од нула. Во текот на десет месеци, тој живеел како бездомник, но бил принуден да се откаже поради здравствени проблеми, откако успеал да заработи 64.000 долари.
Блек боледува од две автоимуни болести кои предизвикуваат хроничен замор, болки во зглобовите и исцрпеност. „Ова искуство ми ги отвори очите – најважни се здравјето и благодарноста“, вели тој.
За да ја тестира својата теорија, Блек се откажал од сè: продал куќа, автомобил и дал отказ. На почетокот спиел на улица, а луѓето дури одбивале да му дадат вода. Пресвртниот момент дошол кога добил понуда да спие во комбе.
Се пробил преку продажба на мебел преку интернет, а првите 300 долари ги вложил во купување компјутер. Во наредните недели обезбедил деловен простор, изнајмил стан, работел како менаџер за социјални мрежи и покренал сопствен бренд за кафе.
„Пред само три месеци бев бездомник, а денес имам работа, сопствен бренд и преговарам со големи технолошки компании“, вели Блек.
Конечната одлука да се откаже ја донел на 138. ден од предизвикот, поради тоа што неговиот татко бил болен од рак на дебелото црево. „Здравјето и семејството се поважни од секој предизвик“, објаснил тој.
Проектот „Предизвик – пат до милион долари од нула“ испратила поинаква порака од почетната: парите и славата не се најважни. Здравјето, семејството и благодарноста секогаш треба да бидат на прво место.










