Силното невреме што го зафати Скопје и предизвика поплави на повеќе улици донесе и една необична сцена која за кратко време стана хит на социјалните мрежи.
На видео што се споделува на интернет се гледа маж кој, наместо да се обидува да ја избегне поплавената улица, одлучил ситуацијата да ја претвори во несекојдневно искуство. Тој легнал на душек за пливање и „запловил“ по водата на булеварот „Србија“.
Снимката брзо привлече внимание и предизвика бројни реакции. Додека едни ја коментираат со доза на хумор, други ја користат како повод повторно да укажат на проблемите со атмосферската канализација и честите поплави што се случуваат во Скопје по секој посилен дожд.










