Пејачката Џеси Џ. ја потресе јавноста со емотивни фотографии и видеа од болничката соба, кои ги сподели на Инстаграм. По објавата дека ѝ е дијагностициран рак на дојка, таа неодамна го одржа својот последен настап пред лекувањето.

На снимките се гледаат нејзините најранливи моменти – плаче во болнички кревет, прегрната од сопругот Чанан, а до неа и нејзиниот син Скај Сафир.
„Секогаш ќе ги покажувам и падовите и врвовите“, напиша таа. Џеси се заблагодари на лекарите, медицинскиот персонал, семејството и пријателите, а сега се наоѓа дома – одмара и ги чека резултатите.

Настапот на Summertime Ball, каде ѝ се обрати на 80.000 луѓе, беше нејзино збогување со сцената пред операцијата. „Овој живот е дар. Среќна сум што сум тука, среќна за сѐ што имам“, порача таа со треперлив глас.