ПРВ.мк

Видео: По повод јубилејот 25.години СОС Детско село најголемите македонски ѕвезди ја снимија песната „Насмевка“

Видео: По повод јубилејот 25.години СОС Детско село најголемите македонски ѕвезди ја снимија песната „Насмевка“
Jumbo Banner

Денес, на Меѓународниот ден на семејството, со гордост ја претставуваме „Насмевка“ – песна посветена на сите деца што заслужуваат да растат во љубов, сигурност и со многу насмевки, стои во објавата на СОС Детското село.

Семејството не е само заедница – тоа е местото каде секое дете ги прави своите први чекори, учи да сака, да верува и да сонува.

Со „Насмевка“, ја славиме моќта на семејството и се потсетуваме дека секое дете заслужува безгрижно детство, исполнето со љубов и поддршка.

Песната е создадена со огромна љубов од Игор Атанасовски – Гуру Харе, во изведба на десет македонски музички ѕвезди:

Мијата, Игор Џамбазов, Тамара Тодевска, Андријана Јаневска, Влатко Лозаноски – Лозано, Дани Димитровска, Сара Мејс, Стефан Филиповски (Некст тајм), Антониа Гиговска и Никола Перевски – Пере (Нокаут).

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран