ПРВ.мк

Светски ден на книгата:Важноста на читањето во ерата на технологијата

Светски ден на книгата:Важноста на читањето во ерата на технологијата
Jumbo Banner

Доника Бакиу

Ова истражување за првпат се реализира во соработка со неколку библиотеки од различни градови на Република Северна Македонија, носејќи гласови, искуства и уникатни перспективи за значењето на читањето во времето на технологијата. На Светскиот ден на книгата, да се потсетиме дека пишаниот збор сè уште има моќ да обединува, да нè инспирира и да нè води. Во една ера на технологија, да не ја заборавиме важноста на читањето – портата кон знаењето, критичкото размислување и човечкиот дух. Светскиот ден на книгата е прогласен од УНЕСКО во 1995 година со цел подигнување на свеста за значењето на книгата и читањето. Преку различни активности, како саеми на книги, јавни читања, претставувања на автори, овој ден има за цел да ја нагласи улогата на книгата во општеството и да ја направи достапна за сите. Во оваа ера кога технологијата има силно влијание врз секојдневниот живот, читањето и книгата, како традиционална но и современа платформа,остануваат социјална потреба.                                                                                                           Ѓултен Ајрули – Виш библиотекар во НУ Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово вели:„На 23 април светот ја одбележува Светскиот ден на книгата и авторските права, значаен настан што го промовира читањето, издаваштвото и заштитата на авторските права. Во ерата на технологијата, кога информациите се подостапни од било кога, читањето останува една од највредните активности за интелектуален и емоционален развој на поединецот.НУ Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово, и покрај намалувањето на интересот за читање или таканаречено криза на читањето, продолжува да брои околу 5.000 активни читатели и се вбројува меѓу првите библиотеки во РСМ по број на читатели – бројка што воопшто не треба да се смета за доволна, имајќи предвид дека Тетово е град со многу основни и средни училишта, како и два универзитета.Причината за „оддалечување“ на читателите од книгата се бројни, но пред сè, развојот на технологијата, користењето на електронски уреди и социјалните мрежи, кои значително влијаеле на намалувањето на времето што луѓето го посветуваат на читање книги. Сепак, технологијата донесе и други предизвици и можности за читателите, овозможувајќи поголем пристап до книги преку дигитални платформи како е-книги и аудиокниги, што го прави читањето полесно и подостапно за сите.Секако, задача на секоја библиотека е да ги следи чекорите на овој забрзан технолошки развој со цел постојано да ги задоволува барањата и потребите на своите читатели. Во таа насока, и Библиотеката во Тетово преку бројни активности и реализирани проекти – кои ги опфаќаат сите категории читатели, од предучилишна возраст до пензионери – презема конкретни чекори за зачувување и промовирање на културата на читање.Детските градинки се нашата прва дестинација, таму каде што децата ги стекнуваат своите први навики за читање. Образованието од најрана возраст е многу важен процес, бидејќи децата треба уште од мали нозе да се научат да создадат стабилна врска со читањето. Клубовите на книги со средношколци, студенти, како и со читатели од други категории, потоа литературните и библиотекарските конкурси, промоции, литературни часови и многу други активности, се форми преку кои Националната установа Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово се обидува да ги привлече и задржи љубителите на книгата, како и да го поттикне интересот за читањето.Светскиот ден на книгата уште еднаш нè потсетува на важноста на читањето, охрабрувајќи нè да ја одржуваме живa љубовта кон книгите, во време кога технологијата стана нераскинлив дел од нашиот живот, но читањето останува отворен прозорец кон знаењето и имагинацијата.Најбараните наслови за оваа година се: „Изгубените рози“ – Марта Хол Кели, „Безимени девојки“ – Марта Хол Кели, „Островот на исчезнатите дрвја“ – Елиф Шафак, „Слугинката“ – Фрида Мекфаден, „Мојата казна“, „Коските на срцето“, „9 Ноември“ – Колин Хувер (најбарана авторка), „Полноќната библиотека“ – Мет Хејг, „Братоубијци“ – Никос Казанцакис, „Емоционална интелигенција 2.0“ – Травис Бредбери, „Чудото во мојот ум“ – Орхан Памук, „Последното нешто што ми го рече“ – Лора Дејв, „Уметноста да станеш незаборавен“ – Дејл Карнеги, „ Изопачени игри“ – Ана Хуанг.“                                                             

Од  ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, Александра Јуруковска, Оддел за популаризација на книжен фонд вели:‘ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје годинава одбележува 80 години од нејзиното формирање. На 15 ноември 1945 година библиотеката започнала со работа со книжен фонд од 3.500 книги од кои 500 за деца. Под нашата институција се сие библиотеки во Скопје, односно четири матични библиотеки и 13 помали библиотечни клонови низ сите населби и општини. Во руралните средини и населените места во Скопско патува и нашиот Библиобус кој посетува 19 училишта во исто толку села. Тој работи за време на училишната година и само со лектирни изданија.Денешниот фонд на библиотеката е половина милион книги.2024 година ја заокруживме со 125,769 издадени книги и нови 11.686 членски книшки. Нашата читална во централниот објект, која е единствената што работи 24/7, минатата година ја посетиле 63.046 корисници/студенти.Во март 2025 имаме издадено 9.090 книги и 636 членски книшки.Од 2022 година носечка програмска актривност ни е кампањата „Читаме современи македонски автори“ која се состои од претставување на 8 автори и 8 дела во циклус од 8 месеци (септември -мај). Заклучно со мај 2025 година во рамките на кампањата ќе бидат претставен вкупно 24 современи макеоднски автори. Досега според нашите истражувања од тие автори најчитани се:Александар Русјаков, „Хотел меѓу две војни“,Игор Станојоски, „Диссомнии“,Владимир Илиевски, „Суво мастило“.Надвор од кампањата барани домашни автори се и Венко Андоновски со „Папокот на светлината“, Лидија Димковска „Единствен матичен број“ и Далибор Трајков „Тајната на монахот“.Странски автори: Лусинда Рајли „Скриена убавина“, „Ќерките на Лорд Вестерам“ од Рис Бауен и „Жените“ од Кристин Хана ‘’.                                                  

Христина Алексовска библиотекар на ЈОУ -Библиотеката „Тане Георгиевски“ – Куманово изјави: ‘’ ЈОУ -Библиотеката „Тане Георгиевски“-Куманово, како дел од тој систем на сеопшти вредности е во нераскинливо единство во културно и воспитно-образовниот процес. Таа остава неизбришлив печат во интелектуалната моќ во нашиот град преку промовирање на пишаниот збор  од најмала возраст кај децата која ќе изгради силна читателска публика во иднина. Библиотеката секогаш се обидува да ги следи светските трендови и да им го понуди најдоброто и најбараното на своите читатели а воедно да се привлечат најмалите кои ќе станат наши идни читатели.  Што се однесува за бројот на  активни членови, разликата во бројот е поради тоа што во тековната година влегуваат и оние членови кои се запишани претходната година а на кои сè уште им трае членството. Книжниот фонд им беше достапен на читателите. На официјалната фејсбук страна се наоѓаат информации за сите реализирани активности, се објавуваат новите наслови, промоции, работилници, панел дискусии, тематски изложби, саеми на книга итн. Читалната ја посетија и користеа 1543 корисници, во ова бројка  влегуваат и корисниците кои побараа увид во списанија и периодика. Бројот на активни читатели е над 4.721.Најбараните наслови се:Атлас:приказната за Тате Солт -Рајли,Лусинда, Понуда од џентлмен -Квин,Џулија,3. Куќната помошничка -Мекфаден,Фрида, Изопачена љубов -Хуанг,Ана, Играчот -Киленд,Вај. Најчитани книги од македонски автори:‘’Ти си мојот живот’’–Павловска Милијана,’’ Траги од минатото’’Трајков Далибор, ‘’Трнливиот пат на една љубов ‘’Павловска, Милијана, ‘’Закопана вистина’’Трајков, Далибор,’’ Совршен допир’’Антовска Ана. Најчитани лектири во одд.за деца на македонски јазик:‘’Петар Пан’’–Бари, Џејмс Метју,’’ Пипи Долгиот Чорап’’–Линдгрен, Астрид,’’ Пајажината на Климентина’’–Вајт,Елвин Брукс,’’ Доктор Офболи’’Чуковски,Корнеј,’’ Гоце Делчев’’ Николески, Ванчо. Librat më të lexuar në rubrikën për fëmijë në gjuhën shqipe:‘’Historia e Skënderbeut ‘’ Odhise K.Grillo,‘’ Lugjet e Verdha’’ Rexhep Hoxha,‘’Sarajet e bardha’’Vehbi Kikaj,‘’Lahuta e Malsisë nga At Gjegi Fishta’’, Odhise K.Grillo,‘’20,000 lega nën det,‘’ Zhyl Vern. Најчитани лектири во одд.за возрасни:‘’Злосторство и казна’’–Достоевски, Фјодор ‘’Чичко Горио’’Балзак, Оноре де,Панонски легенди,’’Автобиографија’’–Прличев, Григор,’’Евгениј Онегин’’Пушкин, Александар Сергеевич’’.                                                                                                                                            Од централната библиотека “Цветан Димов” – Чаир, Скопје велат:„Иако технологијата нуди бројни можности за унапредување на библиотечните услуги, таа исто така донесе низа предизвици и негативни влијанија врз библиотеките во градот Скопје. Недоволната модернизација и недостатокот на одржливи инвестиции во дигиталната инфраструктура доведоа до тоа многу библиотеки да заостануваат зад меѓународните стандарди. Исто така, преминот на читателите кон онлајн извори и дигитални платформи доведе до намалување на физичките посети во библиотеките, што го доведе во прашање традиционалната улога на овие институции како заеднички центри. Ова исто така влијаеше врз намалување на интересот на јавноста, особено кај младите, за посета на библиотеките. На овој начин, влијанието на технологијата, и покрај нејзините потенцијални предности, ги истакна проблемите кои бараат итно внимание со цел да се избегне натамошна маргинализација на библиотеките како институции на знаење и култура во Скопје.Во рамките на иницијативите за поттикнување на читањето и културниот развој на младите, беа организирани низа едукативни и креативни активности со учениците во библиотеките на градот Скопје. Овие активности имаат за цел да ја зајакнат врската помеѓу учениците и книгата, да ги развијат нивните критички и креативни способности, како и да ја негуваат љубовта кон знаењето и читањето. За време на активностите, учениците учествуваа на часови по читање, дискусии за книги, работилници за креативно пишување, претставувања на домашни и странски автори, како и запознавачки посети на јавните библиотеки. Овие иницијативи имаа позитивно влијание врз личниот и образовниот развој на учениците, правејќи ги библиотеките не само центри на информации, туку и живи простори на соработка и креативност.Библиотеките во градот Скопје остануваат посветени на својата мисија да го поддржат образованието и формирањето на младите генерации преку проекти и активности кои ги приближуваат до книгата и културата. Иако постои недостаток од романи на албански јазик, со оглед на можностите со кои располагавме за снабдување со нови наслови, најбараните книги се: колекцијата „Седумте сестри“ од Лусинда Рајли, „Гордост и предрасуди“ од Џејн Остин, „Ова започнува со нас“, „Ова завршува со нас“, „Грозна љубов“, „Мојата казна“ од Колин Хувер, „Прифати ме таква каква што сум“, „Само една љубовна приказна“, „Предизвик до последниот бакнеж“ од Ана Премоли, „Тетовирачот од Аушвиц“ од Хедер Морис, „Трите ќерки на Ева“, „Четириесет правила на љубовта“ од Елиф Шафак, „Музејот на невиноста“, „Снег“, „Јас сум црвената“ од Орхан Памук, „Добро срце носи среќен крај“ од Хакан Менгуч, „21 лекција за 21. век“ од Јувал Ноа Харари, „Богат татко, сиромашен татко“ од Роберт Т. Киосаки, „Таајната“ од Ронда Берн, „Уметноста да се стекнуваат пријатели и влијание“ од Дејл Карнеги.Бројот на активни читатели изнесува приближно 1000’’. Tеута Османи, библиотекар советник во Библиотеката при Националната установа – Центар за култура”АСНОМ” во Гостивар, изјави:„Библиотеката во Гостивар секоја година планира активност со учениците од средните училишта од градот Гостивар или се организира промоција на книга од домашен автор. Минатата година беше промовирана книгата на м-р Теута Османи со наслов „Монографија на Библиотеката на Гостивар од 1949 до 2023 година“.Денес сите сме свесни дека технологијата доминира насекаде во светот, а читањето почна да опаѓа кај сите возрасни групи. Сепак, ние како библиотека на различни начини се обидуваме да го поттикнеме читањето, особено кај помладите генерации, преку различни проекти и активности во самата библиотека, со цел да ги доближиме читателите.Во нашата библиотека најголем интерес за читање покажуваат учениците од основните училишта, потоа следат учениците од средните училишта и граѓаните. Библиотеката на Гостивар располага со богат книжен фонд што содржи училишна лектира, белетристика, како и стручна литература.Најбараните книги се од светската авторка Даниел Стил: „Тивка ноќ“, „Музика на душата“, „Несреќа“, „Орден“; потоа Камила Лекберг – „Ледената принцеза“; Л. РОН ХАБАРД – „Нов поглед кон животот“, „Проблеми на работата“, „Основи на размислување“, „Самоанализа“; ВИКТОР ИГО – „ Мизерија“; Ангела Мартини – „Љубов, надеж“, „Светлина“; Лусинда Рајли – „ Бисерната сестра“ и „Сестрата од сенка“; ЏИМ МАРЕС – „Кој го владее светот?“, како и многу други автори од земјата.Библиотеката брои приближно 1.000 активни читатели во детскиот оддел и околу 800 во одделот за возрасни.“                                                                   

Барије Чупи, библиотекар во кичевската библиотека „Кочо Рацин“,изјави:’’Во градската библиотека ,Кочо Рацин ,, која е институциа при Домот на Културата се работи со двојазичност на албански и на македонски јазик. Како и секоја година ние си водиме евиденција који книги се читат и се бараат , од странските автори најбарани се; Колин Хувер и тоа; ‘’Споменот на него’’, ‘’Оваа започнува со нас’’,’’ Оваа завршува со нас’’, ‘’Сурова љубов’’. Лиса Клејпас;’’Една страшна зима’’, ‘’Девојка од мал град’’, ‘’Се случи еден есен’’, ‘’Скандал на пролет’’, Кристина Хана; ‘’Четрите ветришта’’ . Лиса Гарднер; ‘’Пред таа да исчезне’’, ‘’Преживеј пред да раскажуваш’’, Сара Џио; ‘’Сите цвекиња во Париз’’,’’ Додека има звезди’’, ‘’Последната камелија’’, ‘’Улицата на бродовите’’, Лусинда Рајли ; ‘’Италјанската девојка’’,’’ Скриена убавина’’, ‘’Приказната на Тате сoлт’’. Во библиотеката се барат и од македонски автори кака од Верица Митева;’’Ја мразам мајка ми’’, ‘’Нечесна игра’’,’’ Катерина Сeрафимовска; ‘’Далечен брег’’, ‘’Ловец на спомени’’, ’Даница Фичорска; ‘’Приказната за старата дама’’, Милијана Павловска; ‘’Горчливиот вкус на успехот’’ и ‘’Ти си мојот живот’’. Илбер Нуредини, директор на Центарот за култура – Дебар, изјави:„Градската библиотека во Дебар оваа година бележи пораст на бројот на читатели во споредба со претходните години. Граѓаните покажаа интерес благодарение на социјалните мрежи за различни наслови. Најбарани наслови оваа година според категории се: романса и страст, мотивациони, психологија, саги и историја, мистерија и трилер, различна литература на албански, различна литература на македонски, раскази, практични водичи, драма. Активни читатели се приближно 621, а вкупниот број на зачленувања изнесува 4210.Најбарани наслови за оваа година се:Колин Хувер ‘’Оваа започнува со нас’’,Колин Хувер  ‘’Оваа завршува со нас’’,Фрида Мекфеден ‘’Слугинката набљудува’’,Маркус Зусак – ‘’ Крадачка  на книги’’,Лусинда Рајли ‘’Светлина од прозорецот’’,Даниел Силва – ‘’Англиската девојка’’,Бленди Февзиу – ’Tirona e Nënës’’,Ана Хуанг – Љубов,Колин Хувер – Верити,Лусинда Рајли – ‘’Приказната на Тате сoлт’’,Орхан Памук – ‘’Музејот на невиноста’’,Даниел Голман ‘’Емоционална интелигенција’’, Пауло Коелјо ‘’Алхемичарот’’.                                                                                                                                       

Мелинда Жаку, библиотекар во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, изјави:„Во денешно време, технологијата напредна во големи размери. Областа на технологијата наоѓа примена во секоја сфера, особено во читањето и искористувањето на слободното време. Овој развој заменува и многу рачни работи. За жал, денес гледаме многу деца кои своето слободно време го трошат играјќи различни игри на телефоните, наместо да читаат некоја книга, да учат или да се занимаваат со спортски активности кои би придонеле за нивното физичко и ментално здравје. Друго нешто лошо што можеш да му го направиш на една книга, освен да ја искинеш, е да не ја прочиташ. Денес терминот „книга“ останува заборавен поим кај младите. Колку е тоа негативно за нашето општество? МНОГУ, бидејќи Албанија и целиот свет имаат изнедрено големи писатели и луѓе кои ја сакале книгата, а денес, за нив и за општеството, тоа претставува тешка рана. Светот постојано се движи, се менува и стреми кон постојано усовршување. Живееме во ерата на технологијата и знаеме дека иднината ѝ припаѓа неа. Човекот тежнее кон подобрување на својот живот, а тоа може да се постигне само преку промена. Да се надеваме дека промената нема да се насочи само кон развојот на технологијата, туку луѓето ќе му се вратат и на читањето. Еве неколку од најбараните наслови во нашата библиотека: Литература за деца на албански јазик: :’’Kush e solli Doruntinën’’Исмаил Кадаре , ‘’ Процес’’ Франц Кафка, Момчето во пижами на риги’’Џон Бојн, „Хајди“  Јехона Шпири, ’’Беса’’ Сами Фрашери,  etj Bestseler: Колин Хувер: „9 Ноември“, „Лејла“, „Верити“,’’Оваа завршува со нас“,   ’’Оваа започнува со нас“ итн.Литература за деца на македонски јазик:‘’Споменка’’, ‘’Перуновата стрела’’, ‘’Робинсон Крузо’’,‘’Гоце Делчев’’,’’Пајажината на Климентина ‘’.Бестселери – Сара Џио  ‘’Последната ’Камелија’’ , ‘’Сите цвеќиња во Парис’’,‘’Зима со Мирис на Капини’’ ,Тес Геритсен – ‘’Хирургот’’,’’Чиракот’’,‘’Умри два пати’’ ,’’Последниот преживеан’’. Бројот на активни читатели изнесува 548, од кои 235 се од категоријата ВОЗРАСНИ, 264 се ДЕЦА, а 49 припаѓаат на единицата во село Вевчани.                                                                                                                                             

Од библиотеката „Макс ван дер Штул“,Универзитет на Југоисточна Европа, Силвете Османи изјави:„Значењето на читањето во ерата на технологијата е многу актуелна тема, која ја привлекува вниманието на истражувачите, едукаторите и родителите, имајќи го предвид сѐ поголемото влијание на технологијата во нашите животи. Сепак, и покрај тоа што развојот на технологијата донесе различни предизвици, читањето останува исклучително средство за личен, интелектуален и општествен развој. Некои клучни аспекти на читањето во оваа ера се: развој на критичко размислување, подобрување на комуникациските и писмените вештини, како и збогатување на имагинацијата и креативноста.Промената во начинот на читање е очигледна поради влијанието на технологијата.Овој развој донесе нови можности, олеснувајќи го пристапот до информации и нудејќи бројни придобивки. Сепак, постојат и предизвици, бидејќи технологијата често може негативно да влијае на концентрацијата и вклученоста во длабокото и фокусирано читање.Како заклучок, иако технологијата ги измени начините и каналите на читање, таа не ја намалува важноста на читањето за личниот и професионалниот развој. Технологијата може да го олесни пристапот до информации, но читањето останува суштинска активност за развој на менталните и интелектуалните способности, како и за духовно исполнување.Затоа, и ние како библиотека ги продолжуваме нашите постојани напори да им ја понудиме на нашите читатели најпотребната и најбараната литература. Секоја година правиме максимални напори да им ги доближиме книгите на читателите и корисниците на библиотеката, вклучувајќи ја и студиската и белетристичката литература, земајќи ги предвид различните интереси и барања.Оваа литература ги опфаќа насловите на албански јазик, но и на други јазици, со цел да се овозможи поширок пристап за сите корисници. Воопшто, најбараните наслови и понатаму се научни дела, особено универзитетските учебници кои се суштински за студентите и професионалците во текот на академската година. Но, се забележува и голем интерес за книги со психолошка и филозофска тематика, како и за мотивациони дела кои помагаат во личниот развој и подобрување на животните вештини.Овој разновиден интерес е доказ за богатството на интелектуалните потреби кои ги имаат нашите читатели, а ние како библиотека сме посветени на тоа да понудиме содржини со квалитет и длабочина за да ги поддржиме сите нивни потреби.“

Во заклучок, истражувањето за библиотеките во градовите Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар и Струга, во рамки на Светскиот ден на книгата, ја истакнува клучната важност на читањето во ерата на технологијата. И покрај предизвиците што ги носи дигитализацијата, книгата останува незаменливо средство за личен, културен и општествен развој. Библиотеките и понатаму играат клучна улога во зачувувањето и промоцијата на културата на читање.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран