ПРВ.мк

Син на висока функционерка на ЦИА загина во Украина – се борел на страна на руската армија?

Син на висока функционерка на ЦИА загина во Украина – се борел на страна на руската армија?
Jumbo Banner

Син на висока функционерка на ЦИА загина во Украина – се борел на страна на руската армија?

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) ја потврди смртта на 21-годишниот Мајкл Глос, син на заменичката директорка на ЦИА за дигитални иновации, Џулијана Галина Глос, објави NBC News.

Според информациите што ги пренесува порталот Index.hr, Мајкл се приклучил на руската војска и загинал во борбите во Украина. Американската агенција официјално ја потврди неговата смрт, но во соопштението нагласи дека станува збор за „лична семејна трагедија“ a не прашање на национална безбедност.

ЦИА: „Семејна трагедија, не безбедносна закана“

„ЦИА ја смета смртта на Мајкл Глос за приватна работа на семејството Глос. Се работи за трагичен настан, а не за безбедносно прашање“, изјави портпарол на агенцијата.

Прв ја објави веста рускиот истражувачки портал Important Stories, повикувајќи се на руски извори и профилите на Глос на социјалните мрежи. На неговиот профил на VKontakte се објавени фотографии од Црвениот плоштад и изрази на поддршка кон руската армија, како и критики кон украинската војска која ја нарекува „корумпирана“ и западните медиуми кои ги смета за „пропагандна машинерија“.

Во експлозија загина водечки руски инженер. Модернизираше моќен систем за војување!

Иако ЦИА не прецизираше на чија страна учествувал младиот Глос, објавите на социјалните мрежи, како и руските извори, укажуваат дека тој можеби доброволно се приклучил на руската страна.

Во службената белешка стои – „патување низ источна Европа“

Во службената белешка на семејството Глос се наведува дека Мајкл починал „за време на патување низ источна Европа“, без конкретно да се спомнува Украина или воениот конфликт.

Мајкл бил син на Џулијана Галина Глос, висока функционерка во ЦИА, и Лери Глос, воен ветеран од Ирак кој работи на развој на воен софтвер за американската армија и НАТО.

Информациите од медиумите укажуваат дека Мајкл се идентификувал како пацифист, бил активен на протести против забраната за абортус, се борел за правата на жените и за заштита на животната средина. Сепак, по доаѓањето во Русија во 2023 година, неговиот јавен дискурс се менува – на социјалните мрежи објавувал конспиративни теории за Украина и тврдел дека НАТО бил создаден од неонацисти.

Смртта на младиот Глос предизвика бројни реакции и шпекулации – како поради неговото семејно потекло, така и поради неговата трансформација од активист во личност која изразува симпатии кон режим кој неговата земја го смета за закана.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран