Полицијата во основното училиште „Елм Парк“, во Хаверинг, источен Лондон, нешто по 21 часот во саботата, откри група вооружена кои со ножеви упаднале во салата, каде наводно се одржувала роденденска забава.
Шокантна снимка го покажува моментот кога десетици деца трчаат врескајќи од салата, а тинејџери држат оружје над главите, објави Мирор.
Се вели дека повеќе од 50 млади мажи вооружени со ножеви и мачети влетале во училиштето, а тепачката наводно траела до 23 часот пред тројца тинејџери да бидат уапсени под сомнение дека ги нападнале работниците на Брзата помош. Со повреди со нож се здобиле 16-годишник и 19-годишен млад човек, кои биле избодени.
Еден локален жител изјави за Havering Daily: „Беше целосен хаос. Видовме помеѓу 40-50 млади мажи како трчаат низ улиците. Мислиме дека имаа ножеви затоа што беа видени како го фрлаат оружјето на патот и бегаат“.
„Ја нападнаа полицијата и ги имаше толку многу што полицијата мораше да ги растера. Не можевме да веруваме во она што го видовме. Сите беа на возраст од 16 години и повеќе и не беа од овде. Нашиот крај е обично толку тивок, такви работи не се случуваат овде. Затоа сите сме толку шокирани од она што се случи. Видовме како полицијата трча по младите луѓе, но поради големиот број, единствениот избор што го имаа беше да ги растера. Патот ни беше затворен поради тоа и ни беше кажано дека имало сериозен инцидент“, рече тој.