Австрија изрази солидарност со граѓаните на Македонија по трагичниот пожар во ноќен клуб во Кочани, во кој имаше повеќе жртви и повредени. Австриските вооружени сили спроведоа прв медицински евакуациски лет, при што двајца пациенти во критична состојба беа пренесени на специјализиран третман во Австрија.

Австриската амбасада во Скопје активно координира дополнителни мерки за поддршка, а властите од двете земји се во постојан контакт за обезбедување на потребната помош.

Овој хуманитарен ангажман е потврда за блиските односи меѓу Австрија и Македонија и за подготвеноста на Виена да помогне во итни ситуации.