ПРВ.мк
Економија

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ ПАРИТЕ ПРЕД 1 ДЕКЕМВРИ: Еве кои банки ќе ги исплатат пензиите уште во понеделник!

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ ПАРИТЕ ПРЕД 1 ДЕКЕМВРИ: Еве кои банки ќе ги исплатат пензиите уште во понеделник!

Добри вести за пензионерите! Дел од банките ќе ги направат ноемвриските пензии достапни пред редовниот термин за исплата, па корисниците ќе можат да располагаат со своите пари уште во понеделник, 30 ноември.

Редовната исплата на ноемвриските пензии е предвидена за 1 декември, вторник, но Шпаркасе банка најави дека средствата ќе ги исплаќа на последниот работен ден во месецот, односно еден ден порано.

Ова значи дека пензионерите кои ја примаат пензијата преку оваа банка ќе можат да ги очекуваат средствата уште во понеделник.

За останатите банки, меѓу кои Комерцијална банка и Стопанска банка, засега нема официјална потврда дека ноемвриските пензии ќе бидат исплатени на 30 ноември.

Во меѓувреме, Халкбанк веќе ги направи ноемвриските пензии достапни на сметките на своите корисници од 27 ноември.

Пензионерите треба да ги следат известувањата од своите банки, бидејќи датумот на достапност на средствата може да се разликува од банка до банка.

Најнови вести