ПРВ.мк

Мицкоски: Во првиот квартал од годината за 5 проценти е зголемен извозот на земјоделски производи

Мицкоски: Во првиот квартал од годината за 5 проценти е зголемен извозот на земјоделски производи
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за следењето на извозот на земјоделски производи, особено во Полошкиот регион кој важи за земјоделска област, истакна дека Владата вложила значителни средства во овој сектор и дека ќе продолжи со поддршка за земјоделците.

„Да, апсолутно. Исклучително многу вложивме и во делот на земјоделието. Кај земјоделците, навистина, доста трансфери се направија изминатиот период и се вратија долгови од минатото. Веќе од оваа година ќе почнеме тековно да ги сервисираме обврските“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека е направен значителен напредок, особено во делот на извозот, кој во првиот квартал од 2025 година бележи раст.

„Во првиот квартал од оваа година, скоро за 5% е зголемен извозот на земјоделски производи. Кај тутунот се постигна историски рекордна цена, и кај останатите земјоделски производи. Но, исто така и во овоштарството. Така што можам да кажам дека тука е направен голем чекор напред“, рече премиерот.

Мицкоски додаде дека Владата нема намера да застане тука и најави уште поголеми заложби во наредниот период.

„Продолжуваме понатаму. Убеден сум дека во периодот којшто следи ќе постигнеме уште подобри резултати, бидејќи тоа влегува во бруто-домашниот производ, и тоа е многу важно за да се развиваме во правилна насока. А ние, како Влада, ќе продолжиме да ги поддржуваме земјоделците“, нагласи Мицкоски.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран