ПРВ.мк

Италијанска компанија сака да инвестира во ТИРЗ Штип

Италијанска компанија сака да инвестира во ТИРЗ Штип
Jumbo Banner

Фабио Каросо, сопственик на италијанската компанија „L’Isola Blu Piscine“, истакна дека клучен фактор за одлуката за потенцијална инвестиција се поволната бизнис-клима и поддршката за странските инвеститори што ја нуди Македонија, претставувајќи атрактивна дестинација за инвестирање

Директорот на ТИРЗ Штип, Гоце Димовски, оствари средба со претставници на италијанската Амбасада во Македонија, регионалниот совет на Пиемонт и со Фабио Каросо, сопственик на италијанската компанија „L’Isola Blu Piscine“. На средбата, Димовски ги потенцираше бројните поволности што ги нудат зоните, како и стратешката локација на ТИРЗ Штип, квалификуваната работна сила и поддршката што се обезбедува од Дирекцијата, во соработка со Владата, за сите инвестиции со висока додадена вредност.

Претставниците на италијанската Амбасада и регионалниот совет на Пиемонт ја поздравија можноста за соработка и истакнаа дека Македонија станува сѐ попривлечна дестинација за италијанските компании.

Фабио Каросо, сопственик на италијанската компанија „L’Isola Blu Piscine“, од своја страна изрази задоволство од средбата, со очекување успешна реализација на потенцијалната инвестиција во ТИРЗ Штип. Тој истакна дека клучен фактор за одлуката за потенцијална инвестиција се поволната бизнис-клима и поддршката за странските инвеститори што ја нуди Македонија, претставувајќи атрактивна дестинација за инвестирање.

Компаниите што се корисници во ТИРЗ Штип, се задоволни од работењето во зоната. Во последната спроведена анкета, која ги опфати сите главни аспекти важни за функционирањето на зоните, вклучувајќи ги: задоволството од услугите на Дирекцијата за ТИРЗ, како и знаењето, вештините и способноста на вработените; точноста на добиените информации и брзината на постапување по доставено барање, тие дале просечна оценка 4,48 од максимум 5,00, што укажува на континуиран раст, на задоволството на корисниците на ТИРЗ Штип.

– ОВОЈ ПРИСТАП ОВОЗМОЖИ ДОБИВАЊЕ ДЕТАЛНА СЛИКА ЗА ПОТРЕБИТЕ И ОЧЕКУВАЊАТА НА ИНВЕСТИТОРИТЕ, КАКО И ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА КЛУЧНИТЕ ОБЛАСТИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ. ДОПОЛНИТЕЛНО, РЕЗУЛТАТИТЕ ПОСЛУЖИЈА КАКО ОСНОВА ЗА КРЕИРАЊЕ КОНКРЕТНИ МЕРКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ, СО ЦЕЛ ДА СЕ ОДРЖИ ПОЗИТИВНИОТ ТРЕНД НА РАСТ НА ЗАДОВОЛСТВОТО – ПОТЕНЦИРААТ ОД ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ТИРЗ.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран