Исплатени субвенции за тутунот од реколта 2024 – поддршка за над 14.500 производители
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека денеска е извршена исплата на директните плаќања за произведен и продаден тутун од реколтата 2024 година.
Со оваа мерка се опфатени вкупно 14.502 тутунопроизводители, на кои им се исплатени 2.404.561.224 денари, односно приближно 40 милиони евра.
„Го исполнивме ветувањето што го дадовме на тутунопроизводителите. Со оваа исплата го вреднуваме трудот на земјоделците и даваме конкретна поддршка за нивната работа“, стои во соопштението од МЗШВ.
Право на оваа мерка имаат физички и правни лица кои своето производство го имаат договорено и продадено кај регистрирано откупно претпријатие, согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи.
Оваа поддршка претставува значаен чекор во унапредувањето на земјоделството и потврда дека државата стои зад домашните производители.