Американскиот магазин Морбс (Forbes) годинава вклучи на својата листа на најбогатите луѓе во светот и еден бизнисмен од регионот.
Тој е првиот претприемач од регионот кој се нашол на оваа престижна листа.
Станува збор за Самир Мане, албански бизнисмен чија компанија работи и во Македонија.
Форбс ја проценува неговата имотна состојба на 1,4 милијарди долари, со што тој е 2.356-тиот најбогат човек во светот.
Самир Мане е основач и претседател на Балфин груп (BALFIN Group), инвестициски конгломерат со седиште во Тирана, Албанија.
Балфин поседува трговски центри, малопродажни ланци за електроника и играчки (Џамбо) на Западен Балкан, како и банка и развој на луксузни недвижности во Албанија.
Мане поради комунистичкиот режим во тогашна Албанија, во 1991 година се преселил во Австрија како бегалец.
Во 1993 година, започнал да продава куќни апарати во својата татковина, а во 1998 го основал ланецот „Нептун“ за продажба на електроника. Во 2005 година, се вратил во Албанија за да го отвори првиот трговски центар во земјата.
Денес, Балфин поседува недвижности во САД, Канада и Австрија, како и логистички паркови и приватен универзитет во Албанија.