Владата инсистира храната да биде обезбедена од домашните ниви — квалитетна и безбедна. Министерот Цветан Трипуновски ги повика земјоделците да станат амбасадори на македонските производи, потенцирајќи ги природните убавини со кои располага земјата.
Купувањето домашни производи значи инвестиција во локалната економија, подвлече Трипуновски, нагласувајќи дека поддршката на македонското земјоделство е дел од нашата традиција.
Иако Македонија е традиционално аграрна земја, денес увезува околу 70% од земјоделските производи. Во последните 10 години увозот пораснал на 88%. Обработливото земјиште се намалило од 660.000 хектари во 90-тите на помалку од 500.000 хектари. Годишно државата троши стотици милиони евра за увоз на храна.
Премиерот Мицкоски истакна дека земјоделството е стратешки приоритет, со исплатени над 8 милијарди денари за субвенции и помош во последните 11 месеци.
Сепак, додека се вложува во земјоделството, на пазарите цените остануваат високи поради големиот удел на увезена храна. Последната статистика покажува дека животот поскапел за 3,3% во една година.