ПРВ.мк
Економија

Еве како младите можат да добијат 10.000 евра за сопствен бизнис – Дурмиши го откри оперативниот план!

Еве како младите можат да добијат 10.000 евра за сопствен бизнис – Дурмиши го откри оперативниот план!

Министерот за економија Бесар Дурмиши најави дека оваа година Владата ќе вложи 40 милиони евра за борба против невработеноста. Младите до 29 години ќе можат да добијат грантови од 10.000 евра преку Агенцијата за вработување за отворање сопствен бизнис.

За лица над 29 години поддршката ќе изнесува до 7.000 евра, а ако двајца се здружат, финансиската помош може да достигне до 20.000 евра.

Целта е да се создадат одржливи работни места и да се намали невработеноста. Во Северна Македонија има скоро 95.000 невработени, од кои мнозинството имаат ниско образование. Компаниите регистрирани преку Агенцијата за вработување се поуспешни од другите.

Сподели го овој напис