Берзите во подем по најавениот договор САД–Велика Британија, во фокус трговските разговори со Кина
Европските и американските берзи денес бележат пораст по објавувањето на прелиминарниот трговски договор меѓу САД и Обединетото Кралство. Пазарите, исто така, внимателно го следат претстојниот трговски дијалог меѓу САД и Кина, кој започнува овој викенд во Швајцарија.
Инвеститорите очекуваат и нови извештаи за заработка од неколку европски компании, вклучувајќи ги германската „Комерцбанк“, италијанската „Медиобанка“ и шпанската „Селнекс“.
До 9:30 часот, индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,55% на 23.472,50 поени, лондонскиот FTSE 100 за 0,33% на 8.559,98, а францускиот CAC 40 за 0,52% на 7.733,59 поени. Московската берза е затворена поради празникот Ден на победата.
Во САД, Dow Jones порасна за 0,62% (41.368,45 поени), S&P 500 за 0,58% (5.663,84 поени), а Nasdaq за 1,07% (17.928,14 поени).
Европските фјучерси за гас за јуни отвориле со цена од 35,7 евра за мегават-час на берзата TTF.
Цената на суровата нафта се искачи на 60.345 долари, а Брент на 63.268 долари. Златото достигна 3.327,72 долари за унца, додека пченицата се тргува по 5,1378 долари за бушел (1 бушел = 27,216 кг).
Еврото порасна за 0,19% во однос на доларот, достигнувајќи вредност од 1,12482 на Форекс пазарот.