ПРВ.мк

Велика Британија и зададе силен удар на Русија: Санкции за флотата во сенка

Велика Британија и зададе силен удар на Русија: Санкции за флотата во сенка
Jumbo Banner

Велика Британија најави санкции за 100 руски танкери: Удар врз „флотата во сенка“

Обединетото Кралство најави дека ќе воведе санкции за до 100 руски танкери кои се дел од т.н. „флота во сенка“, со цел да се засили економскиот притисок врз Москва поради војната во Украина.

Според официјалното соопштение од кабинетот на премиерот Кир Стармер, станува збор за најобемниот пакет мерки насочен кон ограничување на дејствувањето на овие бродови, кои од почетокот на минатата година пренеле нафта во вредност поголема од 24 милијарди долари.

Некои од танкерите, велат британските власти, се поврзуваат и со инциденти на оштетување на подводна критична инфраструктура, вклучувајќи далноводи, кабли и гасоводи во Балтичкото Море – област каде загриженоста за можни акти на саботажа е сè поголема меѓу нордиските и балтичките држави.

Санкциите ќе бидат официјално најавени во петок, на состанокот на лидерите на Заедничките експедициски сили (JEF), кој ќе се одржи во Норвешка. Овој безбедносен сојуз ги обединува Велика Британија, пет нордиски и три балтички земји, како и Холандија.

„Секој чекор што го преземаме за да го засилиме притисокот врз Русија е придонес кон праведен и одржлив мир во Украина, а со тоа и кон нашата безбедност“, изјави премиерот Стармер. Тој додаде дека целта е да се ослабне финансирањето на руската воена машинерија преку удирање врз нејзиниот нафтен извоз, како и да се заштити подводната инфраструктура што е клучна за секојдневното функционирање на Европа.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран