ПРВ.мк
Економија

Добра вест за пензионерите: Уште една банка започнува со предвремена исплата на пензиите!

Добра вест за пензионерите: Уште една банка започнува со предвремена исплата на пензиите!

Добри вести за пензионерите кои своите пензии ги примаат преку Комерцијална банка. Банката ќе започне со предвремена исплата на октомвриските пензии од утре, 30 октомври, со што корисниците ќе можат порано да располагаат со своите средства.

Пензиите ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на корисниците, а оние кои поседуваат дебитни картички ќе можат веднаш по пристигнувањето на средствата да ги користат за секојдневните потреби.

Со платежните картички пензионерите ќе можат да купуваат во продавници, да вршат онлајн плаќања, како и да подигнуваат готовина од банкоматите.

За граѓаните кои претпочитаат лично да ги подигнат своите пензии, исплатата на шалтерите во филијалите и експозитурите на Комерцијална банка ќе започне на 30 октомври и ќе продолжи во наредните работни денови.

На овој начин, пензионерите ќе имаат можност сами да изберат како ќе располагаат со своите средства – преку платежна картичка или со подигнување готовина директно во банка.

Предвремената исплата ќе им овозможи на корисниците навремено да ги планираат и подмират своите месечни обврски.