ПРВ.мк
Економија

Од следниот месец – сите пензионери ќе земат плус 1.000 денари, но има еден „поинаков агол“

Од следниот месец – сите пензионери ќе земат плус 1.000 денари, но има еден „поинаков агол“

Од септември, секој пензионер во Македонија ќе добие повисока пензија за точно 1.000 денари. Зголемувањето ќе биде линеарно, што значи дека без разлика на износот на сегашната пензија, сите ќе добијат еднакво покачување.

Оваа мерка опфаќа сите категории пензии – старосни, инвалидски и семејни – а исплатата на зголемениот износ ќе започне со септемвриската пензија. Владата обезбедила средства за ова покачување од државниот буџет.

Сепак, економистите предупредуваат дека иако секое зголемување е добредојдено, овие 1.000 денари не можат целосно да ги надоместат зголемените трошоци за живот. Огромната инфлација, поскапувањето на храната, енергенсите и лековите ја намалува куповната моќ на пензионерите, па овој потег ќе има ограничен ефект врз нивниот реален стандард.

И покрај тоа, голем дел од пензионерите го гледаат ова како позитивен чекор и барем мало олеснување во услови на постојани поскапувања.

Escape