Владата донесе одлука за продолжување на мерката за намалени акцизи на нафтените деривати, со што цените на горивата повторно ќе се намалат во наредниот период.
Според одлуката, мерката ќе важи до 15 јуни, со цел да се намали ценовниот притисок врз граѓаните и стопанството. Дополнително, по договор со компанијата „ОКТА“, е обезбеден и дополнителен попуст од два денари по литар.
Со комбинираниот ефект од овие мерки, се очекува дизел-горивото да поевтини за околу 6,5 денари по литар, додека цената на бензините би требало да се намали за околу 1,5 денари.
Од Владата посочуваат дека оваа одлука претставува директна поддршка за граѓаните, транспортниот сектор и земјоделците, со цел олеснување на трошоците во услови на економски предизвици.
Институциите најавуваат дека и понатаму ќе продолжат со мерки за стабилизирање на економијата и заштита на животниот стандард.








