ПРВ.мк
Економија

Онлајн купувањето поскапува: ЕУ воведува нова царина - еве колку ќе изнесува!

Онлајн купувањето поскапува:  ЕУ воведува нова царина - еве колку ќе изнесува!
Kristal

Советот на ЕУ денеска усвои предлог според кој од 1 јули 2026 година ќе започне наплата на фиксна царина од три евра за сите мали пакети со вредност помала од 150 евра што пристигнуваат во Унијата од трети земји.

Оваа мерка ќе се однесува главно на пратките со производи нарачани преку платформи за е-трговија како што се „Тему“, „Шиен“ и „Алибаба“. Според податоците, на овие пратки отпаѓаат околу 93 отсто од сите мали пакети што годишно пристигнуваат во ЕУ од странство.

Привремената царинска давачка има за цел да го намали јазот меѓу е-трговијата и традиционалната продажба на мало, да ги заштити европските трговци од нелојална конкуренција и да ги зајакне мерките за здравје, безбедност и заштита на животната средина.

Европската комисија го поздрави усвојувањето на оваа одлука, истакнувајќи дека со тоа се заштитува конкурентноста на европските бизниси и се воспоставуваат изедначени услови за работа помеѓу онлајн и физичката трговија.

Со оваа мерка се обезбедува и премостување до воспоставувањето на Царинскиот центар за податоци на ЕУ, планиран за средината на 2028 година, како дел од целокупната царинска реформа.

Привремената царинска давачка од три евра ќе се наплаќа за пакети испратени директно од трети земји до потрошувачи во ЕУ и е различна од планираниот „надомест за ракување со пратки од е-трговија“, кој има за цел да ги покрие зголемените трошоци на царинските органи при надзор на растечкиот број пратки. Точната висина и датум на примена на овој надомест ќе бидат дефинирани откако Советот на ЕУ и Европскиот парламент ќе го усогласат предлогот, со цел воведувањето да започне најрано од ноември 2026 година.

Во меѓувреме, Белгија веќе воведе индивидуална такса од две евра за пакети од е-трговија. Со воведувањето на европската фиксна царина од три евра, граѓаните на Белгија ќе плаќаат вкупно пет евра за секоја пратка од странство.

FixCredit
Escape