ПРВ.мк
Економија

УБАВА ВЕСТ: Државата ќе доделува до 200.000 денари – еве кој граѓани ќе може да аплицираат!

УБАВА ВЕСТ: Државата ќе доделува до 200.000 денари – еве кој граѓани ќе може да аплицираат!

Министерството за економија и труд објави нов јавен повик со кој им се овозможува финансиска поддршка на микро, малите и средни претпријатија, како и на занаетчии, со цел унапредување на домашното производство и услужниот сектор преку набавка на нова опрема.

Според објавените услови, државата ќе кофинансира 40% од прифатените и докажани трошоци за купување нови машини и алати, но најмногу до 200.000 денари по апликант. За оваа мерка се издвоени вкупно 11,34 милиони денари, што ќе бидат распределени меѓу пријавените кои ќе ги исполнат критериумите.

Поддршката се однесува на инвестиции реализирани во текот на 2025 и 2026 година. Како „нова машина“ се признава опрема што е произведена најмногу две години пред датумот на купување, додека „алат“ се дефинира како помошно средство што директно се користи во производствениот или услужниот процес.

Право на аплицирање имаат микро, мали и средни компании со доминантен домашен капитал кои се регистрирани согласно Законот за трговски друштва, како и занаетчии и лица што вршат занаетчиска дејност согласно Законот за занаетчиство. Дополнително, фирмите од преработувачката индустрија мора да имаат најмалку двајца вработени на неопределено работно време за да бидат прифатливи за програмата.

Посебен услов е воведен за бизниси во сопственост на жени, каде е потребно најмалку едно лице да биде истовремено сопственик и управител.

Средствата од оваа мерка не смеат да се користат за покривање на ДДВ, царински давачки, транспорт, курсни разлики, закупнини или трошоци подмирени преку компензација, со што се гарантира дека поддршката директно оди во инвестиции во опрема.

Апликациите се поднесуваат во архивата на Министерството за економија и труд во Скопје, а крајниот рок за пријавување е 30 јуни 2026 година.