Полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 75-годишниот Б.К. од Кавадарци, откако пожарот што го предизвикал во сопствена нива се проширил и на соседни ниви.
Според информациите од МВР, на 24 септември 2026 година, во 18:45 часот, кај местото „Бегово Поле“, во атарот на село Дреново, кавадаречко, Б.К. запалил сува трева во својата нива.
Огнот потоа се проширил и зафатил дрва во соседните ниви. Во настанот нема повредени лица, а пожарот, според пријавеното, го изгаснал самиот 75-годишник.
На местото бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.






