На 67-годишна возраст почина познатата охридска професорка Соња Думбалоска Делова, веста ја соопшти нејзиното семејство.
Думбалоска Делова ќе остане запаметена како исклучителен педагог, долгогодишен пливач и голем вљубеник во спортот. Таа беше основач и инструктор на школата за пливање „Делфини 2012“ од Охрид, преку која обучи и инспирираше бројни генерации млади пливачи.
Нејзиниот придонес во развојот на пливањето беше особено значаен и преку нејзината долгогодишна вклученост во организацијата на Охридскиот пливачки маратон, чиј нераскинлив дел беше уште од неговото возобновување. За својата посветеност и придонес, таа беше добитничка на престижната награда „Климе Савин“.
Погребот на професорката Соња Думбалоска Делова ќе се одржи утре на Градските гробишта во Охрид, во периодот од 12:00 до 12:30 часот.








