ПРВ.мк
Црна Хроника

Закана за нуклеарен напад врз Украина - еве од кого!

Закана за нуклеарен напад врз Украина - еве од кого!
Kristal

Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател и актуелен политичар, преку социјалните мрежи предупреди дека Русија има право на „симетричен одговор“ доколку Франција и Велика Британија наводно префрлат нуклеарни технологии во Украина. Според него, ова би претставувало „директен трансфер на нуклеарно оружје во земја во војна“, што радикално ја менува ситуацијата на меѓународната сцена.

Медведев додаде дека ако се случи тоа, Русија би можела да употреби било какво оружје, вклучително и нестратешко нуклеарно, не само против цели во Украина, туку и против земјите кои би станале „соучесници во нуклеарен конфликт“.

Оваа закана следува само еден ден откако шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, најави ограничување на влезот на поранешни руски војници во Шенген зоната, што предизвика нова навредлива порака од Медведев на X.

Украинските власти сè уште не ја коментирале оваа најнова изјава.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo