ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА ШТО ГО ШОКИРА СВЕТОТ: Девојка загина откако ја фрлија на банџи без јажиња за заштита!

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА ШТО ГО ШОКИРА СВЕТОТ: Девојка загина откако ја фрлија на банџи без јажиња за заштита!

Страшен инцидент во Бразил предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, откако се појавија снимки од трагедија во која животот го загуби 21-годишна девојка за време на банџи скок од мост висок околу 40 метри.

Според локалните медиуми, станува збор за Мариа Едуарда Родригез де Фреитас, млада девојка која работела во теретана и која непосредно пред настанот објавила на социјалните мрежи дека се подготвува за скокот.

Видеата кои масовно се споделуваат на интернет покажуваат како работници ја подготвуваат за активноста на мостот познат како „Скелетон“ во Сао Паоло. По скокот, се појавиле сомнежи дека дошло до сериозен пропуст во безбедносната процедура и дека системот за заштита не бил правилно поставен.

По инцидентот, на девојката веднаш ѝ била укажана медицинска помош, но и покрај напорите на спасувачките екипи, таа им подлегнала на повредите.

Според информациите од локалните медиуми, на местото на несреќата бил присутен и нејзиниот свршеник, кој бил сведок на трагичниот настан. Наводно, му се слошило поради шокот, по што и нему му била укажана медицинска помош.

Во меѓувреме, надлежните институции започнале опсежна истрага за случајот. Шест лица биле приведени, а истражителите проверуваат дали активноста била организирана согласно законските прописи, дали биле обезбедени сите потребни дозволи и дали имало пропусти во безбедносните процедури.

Според првичните информации што ги објавуваат локалните медиуми, една од можните причини за трагедијата е неправилно поврзување со безбедносниот систем пред скокот. Истражните органи треба да утврдат дали навистина станува збор за човечка грешка или за друг вид технички пропуст.

Случајот предизвика огромна тага во јавноста. На социјалните мрежи се споделуваат пораки од блиските на девојката, меѓу кои и објави од профил за кој се тврди дека му припаѓа на нејзината мајка, која преку емотивни зборови се простува од својата ќерка.

Во исто време, на интернет повторно се споделуваат постари снимки од истата локација, на кои се гледаат банџи скокови изведени со целосна безбедносна опрема и заштитни системи, што дополнително ги отвори прашањата за тоа што точно тргнало наопаку во фаталниот случај.

ВИДЕО

Најнови вести